Хрватски бизнисмен и уште три лица убиени во близина на Шибеник

Познатиот бизнисмен е убиен од автоматска пушка додека бил во автомобил пред продавница во Водице, додека напаѓачот кој е исто така бизнисмен е во бегство.

2,040

Бизнисмен од Шибеник во Хрватска е убиен денеска во Водице, додека околу половина час подоцна пронајдени се тројца мртви во објект на Јужната магистрала.

Како што пренесуваат хрватските медиуми, полицијата засега не ги потврди наводите, а според неофицијални информации, четирите убиства се поврзани.






Познатиот бизнисмен е убиен од автоматска пушка додека бил во автомобил пред продавница во Водице, додека напаѓачот е во бегство.

„Јутарни лист“ објави неофицијално дека убистворто го сторил друг бизнисмен кој сметал дека убиениот е одговорен за пропаѓањето на неговата фирма. Убиената жена била стечаен управник на пропаднатата фирма.

Полицијата е терен. Детали се очекуваат во текот на денот.

Поврзани содржини