🎥 ХРВАТСКАТА СТАРЛЕТА ПРЕДИЗВИКА СКАНДАЛ ВО „АМИЏИ ШОУ“ Се закануваше со тужба пред гледачите, а сè поради ова

Хрватската старлета синоќа ги шокираше сите кога се налути во шоуто на српскиот водител Огњен Амиџиќ поради духовита имитација.

542

Хрватската старлета синоќа ги шокираше сите кога се налути во шоуто „Амиџи шоу“ на српскиот водител Огњен Амиџиќ поради духовита имитација.

Огњен Амиџиќ синоќа во својата емисиа, меѓу другото, ја угости и хрватската старлета и пејачка Ава Карабатиќ.






Во еден момент пуштил видео од девојка која го имитирала измисленото интервју на Ава Карабатиќ и Душица Јаковљевиќ. Сè било замислено како духовита имитација, меѓутоа, тоа на Ава воопшто не и било смешно, туку старлетата се навредила и почнала да се заканува со тужба.

– Добро те имитираше – рекол Огњен.

– Секоја чест, но не ме имитираше како што треба – налутено рекла старлетата.

– Би можела да поднесам тужба поради оваа имитација – додала Ава.

– Па добро, не мора да биде така, тоа е имагинарно – рекол Огњен обидувајќи се да ја смири Ава.

Во видеото подолу погледнете ја реакцијата на старлетата:

Поврзани содржини