ХРВАТСКАТА ДРЖАВНА ФИНАНСИСКА АГЕНЦИЈА ВЛЕГУВА ВО МАКЕДОНСКА БЕРЗА? Агенцијата ја презема Загрепска берза
Загребска берза е најголем сопственик на Македонска берза со удел од 29,98%.
Финансиска агенција (Фина), државна институција во Хрватска ја започна постапката за преземање на Загрепската берза, која поседува 29,98% од акциите во Македонската берза и е убедливо нејзин најголем поединечен сопственик пишува Bloomberg Adrija.
Фина неодамна до Хрватската агенција за супервизија на финансиски услуги (ХАНФА) и Загрепската берза д.д. поднела известување за намера за објавување на доброволна понуда за преземање на Загрепската берза и најави дека во согласност со законските одредби и пропишаните рокови ќе поднесе до ХАНФА барање за одобрување за стекнување на квалификуван удел во Загрепската берза.
ФИНА е мнозински сопственик на Централното депозитарно и клириншко друштво (СКДД) и нејзината подружница „СКДД-ЦЦП Смарт Клиер“ (SKDD-CCP Smart Clear), како и најголем поединечен акционер на Загрепската берза.