ХРВАТСКА ЗАБРАНУВА ПРОДАЖБА НА АЛКОХОЛ ПО 20 ЧАСОТ Општините ќе можат да воведат целосна забрана

Нарушувањето на јавниот ред и мир поради консумирањето алкохол, особено за време на туристичката сезона, се наведува како клучна причина за воведување на можноста за забрана за продажба на алкохол.

23

Хрватска подготви измени на Законот за трговија со кои општините ќе можат ами да одлучуваат во кој период од денот и колку часа ќе трае забраната за продажба на алкохол.

Локалните власти можат целосно да ја забранат продажбата на алкохол од 20 часот до 6 часот наутро






Зборувајќи за измените на Законот за трговија, хрватскиот министер за економија Анте Шушњар истакна дека единиците на локалната самоуправа ќе бидат овластени да ја регулираат продажбата на алкохол во периодот од 20 часот до 6 часот наутро.

Според него, одлуката се сведува на ниво на градови и општини бидејќи тие најдобро ги знаат потребите на своите граѓани.

-Ова е првенствено за здравјето на нашите граѓани, особено децата и младите, зачувувањето на јавниот ред и мир и заштитата на животната средина и културното наследство – рече министерот.

Нарушувањето на јавниот ред и мир поради консумирањето алкохол, особено за време на туристичката сезона, се наведува како клучна причина за воведување на можноста за забрана за продажба на алкохол, но овие законски измени забрануваат и консумирање алкохол дома ако не сте го купиле на време, бидејќи забраната вклучува и онлајн нарачки.

 

Поврзани содржини