ХРВАТСКА СТАРЛЕТА ПРЕТЕПАНА ОД ПАРТНЕРОТ ВО БЕЛГРАД Ава Карабатиќ се плаши за својот живот

Инцидентот се случил во стан во Белград. Медицински лица констатирале видливи повреди, а случајот бил пријавен и во полиција.

778

Хрватската старлета и актерка Ава Карабатиќ тврди дека била физички нападната од својот партнер во Белград, по што завршила во Ургентен центар со повреди на главата и на лицето. Според медиумските извештаи, на настанот му претходела жестока расправија меѓу двајцата, која ескалирала во физички конфликт, по што Карабатиќ била пренесена со возило на брза помош и пријавила насилство во полиција.

Ава Карабатиќ е позната хрватска старлета, актерка, пејачка и поранешна учесничка во повеќе реалити шоуа на Балканот. Родена е во Сплит, а јавноста ја препознава како контроверзна медиумска личност, често поврзана со скандали, провокативни настапи и јавни исповеди за својот приватен живот.






Според неофицијални информации, конфликтот се случил во стан во Белград, каде што Карабатиќ наводно добила удари од партнерот. Медицинските лица констатирале видливи повреди, а случајот бил пријавен и во надлежната полициска станица, каде што се очекува таа да даде официјална изјава.

Иако засега нема официјална потврда од институциите за текот на истрагата, медиумите наведуваат дека Карабатиќ веќе јавно се огласила, тврдејќи дека била „брутално претепана“ и дека се плаши за сопствениот живот, најавувајќи дека напаѓачот ќе се соочи со последици.

Поврзани содржини