ХРВАТСКА СО НЕСЛАВЕН ЕВРОПСКИ РЕКОРД Единствена од Европа е на списокот на земји во кои се перат пари
Хрватска се најде на овој список, како што оценуваат од Меѓународната агенција за борба против перење пари, поради неефективните активности за спречување на перење пари и финансирање тероризам,
Хрватска, заедно со Камерун и Виетнам се најде на списокот на земји во кои се перат пари. Меѓународната агенција за борба против перење пари, Работната група за финансиска акција (ФАТФ) оцени дека овие земји треба да се следат повнимателно.
Хрватска се најде на овој список, како што оценуваат од Агенцијата, поради неефективните активности за спречување на перење пари и финансирање тероризам, со што е единствената земја од ЕУ која е на овој список.
Трите земји сега се меѓу 23-те земји кои „активно работат со ФАТФ“ за да ги решат „стратешките недостатоци во нивните системи за борба против перењето пари, финансирањето на тероризмот и ширењето на оружјето за масовно уништување“, се вели во соопштението на ФАТФ во Париз.
Со седиште во француската престолнина, ФАТФ е главното меѓународно тело за борба и спречување на перење пари и финансирање тероризам и е приклучено на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД).