ХРВАТСКА ОПШТИНА ИМ ПЛАЌА НА БАБИТЕ И НА ДЕДОВЦИТЕ КОИ ЧУВААТ ВНУЦИ Месечниот надомест е 70 евра по дете

Основен услов да се добие надоместокот е лицата кои чуваат внуци да се пензионери.

64

Хрватската општина Бизовац воведе мерка „Услугата за баби и дедовци“ со која им плаќа на бабите и дедовците кои се грижат за своите внуци.

Мерката е со цел да се ублажи недостигот на места во градинката, а ќе се спроведува додека додека не го прошират капацитетот на градинката.






Надоместокот ќе биде 70 евра по дете месечно. Условот е бабите и дедовците кои се грижат за децата да бидат пензионирани.

– Ја прифатив иницијативата во рамките на општинскиот совет, во кој се вели да им се помогне на родителите чии баби и дедовци се грижат за своите деца. Неодамна донесов одлука, помагаме со 70 евра по дете. Бабите и дедовците мора да бидат пензионирани. Ќе ни биде тешко финансиски да им помогнеме на оние кои не се во пензија, кои се уште се млади – објасни градоначалникот Среќко Вуковиќ.

Исто така, Општината кофинансира градинки за деца запишани надвор од подрачјето на Општината, покривајќи 50% од вкупната цена.

Дополнително, планирано е проширување на постојната градинка во Бизовац, што ќе бара значителни средства и дополнителни извори на финансирање, а неодамна општинскиот совет поддржа предлог за уредување простор од 250 квадратни метри во Социјалниот центар во Саматовац.

Претходно и градот Самобор воведе ваква мерка „Услуга за баби и дедовци“.

Поврзани содржини