Хрватска новинарка објави вознемирувачка фотографија, последица од коронавирусот
Не е некоја глетка, но имајте ја на ум секојпат кога ќе посакате да ја симнете маската или одбивате да ја носите. Ова е по едно четкање и така е секој ден, се надевам дека ќе трае уште кратко бидејќи ќе снема залихи, порача таа на социјалните мрежи.
Спортска новинарка прележала ковид -19 во јуни, откако се зарзила на „Адриа Тур“ во Задар, по кој позитивни беа и Новак Ѓоковиќ, Горан Иванишевиќ и Борна Ќориќ. Таа покажа колкаво влијание вирусот може да остави на телото.
Истражувањата покажале дека опаѓањето на косата поради стресот под кој се наоѓа телото изложено на коронавирусот е една од нуспојавите од оваа зараза. Лекарите не се изненадени од оваа појава бидејќи голем број пациенти кои се опоравуваат од коронавирусот пријавуваат дека ја губат косата откако ќе оздрават од ковид-19.
Пред неколку дена актерката Алиса Милано на својот Инстаграм споделила видео во кое видно потресена на обожувачите им покажува колу коса губи со само едно четкање, како последица од коронавирусот.
Со ист проблем се соочила и Мирна Зидариќ која објави фотографија по четкање на косата и предупреди дека сите епидемиолошки мерки треба да се сватат сериозно.
– Не е некоја глетка, но имајте ја на ум секојпат кога ќе посакате да ја симнете маската или одбивате да ја носите. Ова е по едно четкање и така е секој ден, се надевам дека ќе трае уште кратко бидејќи ќе снема залихи, порача таа на социјалните мрежи, пренесува хрватски Маxportal.