ХРВАТСКА КУПУВА ПРОТИВРАКЕТНИ СИСТЕМИ ХИМАРС „Ништо без добро обучени и мотивирани луѓе“

Воениот аналитичар Маринко Огорец вели дека сепак, „нема ништо без добро обучени и мотивирани луѓе“ во хрватската армија.

1,131

Хрватска купува американски самоодни ракетни лансери ХИМАРС вредни 390 милиони долари. Системите ХИМАРС моментално ги користи Украина во војната против Русија. Тие имаат долг дострел во радиус од максимални 480 километри, но можат да бидат различно модифицирани. Голем дел од системите кои Украина ги доби на почетокот на војната беа штелувани на краток дострел од максимални 80 километри.

На прашањето колку ХИМАРС ѝ е потребен на хрватската армија, воениот аналитичар Маринко Огорец во Студиото 4 на ХТВ рече „нам ни треба практично сè“ со оглед дека „повеќе од 20 години не се инвестирало во хрватските вооружени сили“, пренесува Индекс.






Воениот аналитичар вели дека сепак, „нема ништо без добро обучени и мотивирани луѓе“.

Запрашан за можната трка во вооружување во регионот, Огорец рече дека Хрватска е членка на НАТО и дека мора да има добро опремени и квалитетни вооружени сили.

– ХИМАРС-от што ќе дојде во Република Хрватска не е насочен против никого и во ниту еден правец, ракетите едноставно се како осигурување, како средство за одвраќање на секаква можна закана за безбедноста на Република Хрватска, без разлика од каде доаѓа. Во овој момент, за ова прашање, Република Србија не треба да гледа назад на она што Хрватска го набавува во поголема мера – вели експертот.

Огорец, исто така, смета дека сега се чини дека задолжителниот воена рок е неопходен, не само за Хрватска, туку и за повеќето европски земји.

📽 РАКETИ ХИМАРС СО ДОЛГ ДОСТРЕЛ УПОТРЕБЕНИ ВО КУРСК? Русите спремаат бункери во случај Украинците да го нападнат градот Курск

 

Поврзани содржини