Хрватска компанија ќе произведува пловечки соби, рецепции сауни за дифузни хотели на море
Пловечките обејкти кои ќе ги произведува компанијата Advanced Solutions се наменети за извоз, а се кофинасирани од Владата на Данска.
Сплитската компанија Advanced Solutions, започнува со нов проект за производство на пловечки објекти (соби, сауни, рецепции) за изградба на хотели на море. Компанијата долги години соработува со данското бродоградилиште „Ранд“, за кое моментално произведува глисери со различна големина во бродоградилиштето во Кастел Гомилица.
Проектот е кофинансиран од Владата на кралството Данска.
– Веќе правиме калапи, а подготовките треба да ги завршиме за еден месец, за да можеме да започнеме сериозно производство на почетокот на следната година. Станува збор за производство на објекти исто толку сложено како и производството на бродови. Нашите производи се наменети за извоз, но можна е соработка и со хрватски компании, како што е Норд, за да се најдат овие производи и на хрватскиот пазар. Пловечките објекти се сертифицирани за примање на 12 луѓе и се единствени во Хрватска. Во Европа конкуренција ни се неколку производители во Холандија и Полска – вели директорот на компанијата Давор Павиќ.