ХРВАТСКА ИЗЛЕЗЕ СО ДЕТАЛИ ЗА ТРЕТАТА ДОЗА Осум месеци по втората доза, повторно имунизација
Предвидуваме дека ќе почнат на почетокот на октомври и дека ќе се вакцинираат луѓе на кои им поминале осум месеци, а тоа се првично повозрасните лица, имунокомпромитираните лица со некои потешки хронични болести, вели епидемиологот Мајер од хрватскиот Завод за јавно здравје.
Дијана Мајер, епидемиолог од хрватскиот Завод за јавно здравје за дневникот на ХТВ открива детали за третата доза против коронавирусот.
– Третата доза ќе ја добијат луѓето кои ги примиле двете дози, осум месеци по втората доза. Предвидуваме дека ќе почнат на почетокот на октомври и дека ќе се вакцинираат луѓе на кои им поминале осум месеци, а тоа се првично повозрасните лица, имунокомпромитираните лица со некои потешки хронични болести – вели Мајер.
Таа вели дека засега за вакцинација со трета доза се зборува за тие кои примиле вакцина на Фајзер и дека прво ќе почне вакцинацијата со таа вакцина бидејќи со таа вакцина почнала имунизацијата во Хрватска. Таа верува дека наскоро ќе дојде ред и на другите вакцини како што ќе завршува периодот од осум месеци по втората доза.
– Засега трета доза ќе добијат од вакцината со која се имунизирани со првите две дози – вели Мајер.