Хрватска го одложува пописот поради коронавирусот

398

Пописот во Хрватска нема да започне како што беше планирано, на 1 април, ќе се одложи, потврди координаторот за попис во Централното биро за статистика, Дамир Плесац.

Тој за Н1 изјави дека главната причина е  коронавирусот.






Плесац објасни дека Институтот сè уште не знае колку долго ќе се одложи пописот затоа што тоа ќе зависи од епидемиолошките мерки и одлуките на Владата и Парламентот, кои мора да го сменат Законот за попис.

 

Поврзани содржини