Хрватска го одложи пописот на населението, што требаше да се одржи оваа пролет.
Хрватската влада донесе ваква одлука поради актуелната епидемиолошка ситуација во земјата, па пописот ќе се спроведе во две фази наесен, од 13 септември до 17 октомври. Во првата фаза граѓаните на Хрватска ќе се попишуваат самостојно, преку интернет.
Во Хрватска повторно се зголемува бројот на нови случаи на коронавирус, па од владата најавија заострување на мерките.