ХРВАТСКА ГИ ТРГА РАМПИТЕ ОД ПАТАРИНИТЕ Од крајот на следната година се воведува само електронска наплата

Возачите на лесни возила - мотоцикли, автомобили и камиони со максимална дозволена маса што не надминува 3,5 тони - ќе можат да избираат помеѓу плаќање со читање регистарски таблички или електронска наплата, додека возачите на тешки возила ќе можат да ја плаќаат патарината исклучиво електронски преку ENC уреди.

686

Во Хрватска од карјот на следната година нема да може физички да се плати патарина туку сите ќе мора да се приклучат на електронскиот систем за наплата бидејќи веќе нема да постајат рампи на патарините.

Предлог-законот за наплата на патарините, кој веќе ја мина јавната раправа, предвидуваат низа новини околу наплатата, контролата и казните за сите кои ќе се обидат да го изиграат законот.






Возачите на лесни возила – мотоцикли, автомобили и камиони со максимална дозволена маса што не надминува 3,5 тони – ќе можат да избираат помеѓу плаќање со читање регистарски таблички или електронска наплата, додека возачите на тешки возила ќе можат да ја плаќаат патарината исклучиво електронски преку ENC уреди.

Новина е и тоа што без разлика кој модел на плаќање ќе го изберат возачите, тие ќе мора да го внесат регистарскиот број при регистрацијата, што значи дека една сметка и внесеното средство за плаќање ќе опфатат само една регистрација. Споделувањето на еден ENC уред помеѓу повеќе корисници, што беше вообичаена практика досега, сега е минато. Ако има три автомобили во семејство или компанија и сите тие го користат автопатот, сите три ќе мора да бидат посебно регистрирани во електронскиот систем за наплата на патарини.

Наплатата на патарината ќе се врши според изминат километар, а контролата покрај официјалните супервизори (кои ќе имаат 74 бели автомобили со сини ротирачки светла и електронски натпис „следи ме“), ќе ја врши полицијата, па дури и царинските службеници.

Секој што ќе биде фатен да вози по автопатот без да се регистрира во електронскиот систем за наплата на патарини ќе плати не само износот на патарината за покриениот дел, туку и казна од 120 евра. За правните лица се предвидени уште повисоки казни – до 1.300 евра ако компанијата не ги регистрира своите возила во системот пред да тргне на автопат или ако регистарските таблички не се читливи.

Од владата велат дека на ваков начин ќе се обезбеди поголема пропусност на автопатиштата.

Поврзани содржини