ХРВАТСКА ЌЕ ВОВЕДЕ ПЕНЗИОНЕРСКА КАРТИЧКА Се разгледуваат повеќе модели за тоа кој би ја добил
Според Партијата на пензионерите, универзалната картичка треба да вклучува сè - од попусти за превоз, влезници, лекови, па дури и спа-центри.
Хрватска планира да воведе пензионерска картичка која вклучува попусти од оние за превоз , влезници, лекови, па дури и за спа-центри.
До крајот на годината, хрватското Министерството за труд и пензискиот систем треба да формира работна група која ќе работи на воведување на картичката на цела териотрија на земјата.
„Заинтересирани сме, во рамките на Националниот совет за пензионери и стари лица, за понатамошно развивање на предлог за воведување национална пензионерска картичка, што би им го олеснило остварувањето на дополнителни права и бенефиции на пензионерите. Исто така, сметаме дека е важно да се координираме со работодавачите за да се испита подготвеноста за воведување поповолни цени за пензионерите“, соопшти надлежното министерство.
Вака картичка веќе е воведена во Сплит, Сисак и Пула.
Идејата за воведување ваква картичка е на Партијата на пензионери од каде што велат дека се дискутираат повеќе модели. Меѓу другото, оној каде што сите пензионери би ја имале, но и моделот каде што картичката би се добивала во зависност од износот на пензијата. Отворено е и прашањето за финансирање.
Според Партијата на пензионерите, универзалната картичка треба да вклучува сè – од попусти за превоз, влезници, лекови, па дури и спа-центри.
Пензионерите би можеле да користат национални картички уште од следната година.
Во Хрватска, дури 37% од луѓето над 65 години се сиромашни. Во најголем дел, станува збор за постари самци, обично вдовици кои примаат семејна пензија и луѓе кои немале доволно стаж за време на работниот век, па сега преживуваат од социјални бенефиции.