ХРВАТСКА ЌЕ ЈА БЛОКИРА ФИНСКА ВО НАТО? Не бараме смена на името во ИКЕА, туку промена на изборниот закон во БиХ

Што се однесува до мене, нека влезат во НАТО, нека ја прободат со пенкало во очи гневната мечка. Но, додека не се реши прашањето за изборниот закон, додека Бакир Изетбеговиќ не биде принуден да го смени изборниот закон, парламентот не смее да ратификува ничиј прием во НАТО, предупреди хрватскиот претседател.

2,616

Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ, изјави дека земјата треба да го блокира влезот на Финска во НАТО за да изврши притисок на САД и на Алијансата за да се смени изборниот закон во БиХ. Според него, исто како што на Финска ѝ е битно да влезе во НАТО, така на Хрватска ѝ е битно дали Хрватите сами ќе изираат свој претставник во претседателството на Босна и Херцеговина, пишува Б92.

– Одете чекор понатаму и повлечете ја Финска, која е на 50 километри од Санкт Петербург. Мислам дека тоа е опасно шарлатанство. Сепак, не можеме да кажеме не. Финска ни е поважна од Хрватска и Хрватите во БиХ, нели. Што се однесува до мене, нека влезат во НАТО, нека ја прободат со пенкало во очи гневната мечка. Но, додека не се реши прашањето за изборниот закон, додека Бакир Изетбеговиќ не биде принуден да го смени изборниот закон, парламентот не смее да ратификува ничиј прием во НАТО – предупреди Милановиќ и додаде:






– Жал ми е што ова се случува во земја за пример како Финска, би сакал да не поддржат во нашите проблеми.

– Сега имаме ситуација кога Финска може преку ноќ да влезе во НАТО, а Бугарија и Романија не можат да влезат во Шенген-зоната. Албанија и Македонија не можат да започнат преговори, Косово не е признаено. Да, но сега Хрватите ќе бидат обвинети, сега ќе нѐ слушнете – истакна хрватскиот претседател.

– Ние не бараме од Финска или Шведска да го сменат името во Икеа, туку само да им кажеме на Американците да го решат ова. За мене тоа е витален национален интерес на државата, нацијата и народот. БиХ да биде организирана држава. Тогаш Загреб ќе ја поддржи БиХ во ЕУ – рече тој.

Милановиќ потоа се осврна на неодмнешната посета на американски официјални лица во Киев. Според него Американците слетале во Украина скришно и преку ноќ, затоа што Русија не им дозволува, односно за тоа имале таен договор со Русите.

– Па, млади дечки, по ѓаволите. И софистицираните ракетни системи, со нив Русија ја уништува Украина. Американскиот секретатр и министер за одбрана патуваа преку ноќ. Тоа е понижувачки. Тоа е затоа што Русија не допушта да се лета во Украина. Тоа е ситуацијата во која живееме. Тоа е реалноста, дека Америка мора скришно да доаѓа во Украина. Веројатно во договор со Русите – заклучува Милановиќ.

Поврзани содржини