ХРВАТСКА ДА НЕ СЕ БУТКА МНОГУ КАЈ ВОЛНИТЕ ЗА ВОЈНА Милановиќ не сака Хрватите да бидат виновни за иден конфликт
Војната однесе илјадници животи. Можеме само да се надеваме дека ќе преовлада разумот. Не сакам хрватските политичари да се најдат меѓу виновните и одговорните, бидејќи нема потреба за тоа – изјави Милановиќ пред присутните кадети и офицери.
Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ испрати остро предупредување до европските лидери дека Хрватска нема обврска да учествува во нови геополитички блокови и треба да го гледа сопствениот интерес. Говорејќи на одбележувањето на 34-годишнината од Воената академија „Д-р Фрањо Туѓман“ во Загреб, тој рече дека континентот е во „момент на конфузија и драма што сè уште ја чека својата катарза во Украина“.
– Војната однесе илјадници животи. Можеме само да се надеваме дека ќе преовлада разумот. Не сакам хрватските политичари да се најдат меѓу виновните и одговорните, бидејќи нема потреба за тоа – изјави Милановиќ пред присутните кадети и офицери.
Тој ја критикуваше „психозата на закани“ што ја шират некои европски државници и функционери на НАТО, предупредувајќи дека создаваат непотребен страв кај луѓето.
– Слушаме дека конфликтот со Русија е прашање на денови. Луѓето се плашат. Мислам дека тоа не е вистина, мислам дека е од другата страна на умот – додаде тој.
Милановиќ ја поздрави и одлуката за повторно воведување на задолжителна воена служба во Хрватска, која ќе трае два месеци од следната година. Според него, на хрватската армија ѝ недостигаат околу четири илјади војници, што ја прави потребна оваа реформа.
Претседателот порача дека Европа „драматично се сменила“ и дека САД сè повеќе го диктираат правецот на НАТО, што бара од малите држави да размислуваат со сопствена глава. Според него, учеството во т.н. „Коалиција на волните“ би можело да ја втурне Хрватска во непотребни конфликти.