ХРВАТСКА, АЛБАНИЈА И КОСОВО ОТВОРИЈА ТРКА ЗА ВООРУЖУВАЊЕ Вучиќ вели дека е прекршен договор од 1996 година

Речиси сум убеден дека НАТО не бил ниту информиран и дека дури не им било кажано кои договори се прекршени, но мислам дека ни Приштина, ни Загреб ни Тирана не се загрижени за тоа, изјави српскиот претседател.

442

Хрватска, Албанија и Косово отвориле трка во вооружување во регионот и го прекршија субрегионалниот договор од 1996 година со потпишување на меморандум за соработка во одбраната во вторникот, вели српскиот претседател Александар Вучиќ.

Вучиќ на средбата со генералниот секретар на НАТО Марк Руте му рекол дека Србија не била информирана за потпишувањето на трилатералниот меморандум за соработка во одбраната на овие три земји. Тој вели дека Белград ја разбрал пораката и дека ќе се подготви за иднината.






– Ова е прекршување на субрегионалниот договор за контрола на вооружувањето од 1996 година, но од реакциите од Хрватска и другите делови од регионот видовме дека тие не се многу заинтересирани за тоа. Речиси сум убеден дека НАТО не бил ниту информиран и дека дури не им било кажано кои договори се прекршени, но мислам дека ни Приштина, ни Загреб ни Тирана не се загрижени за тоа – додаде Вучиќ.

Во врска со вечерашната средба со Руте, Вучиќ рече дека НАТО „покажа голема почит“ кон Србија и дека тоа е „успешен ден за Србија во Брисел“.

– Два часа и 40 минути траеше средбата во четири очи (со Руте) и вечерата со делегацијата. Разговаравме за сите важни прашања – билатералната соработка, ситуацијата на Косово и Метохија, односите меѓу војската на Србија и КФОР, ситуацијата во Босна и Херцеговина, со главна цел зачувување на мирот и стабилноста во регионот – рече Вучиќ.

По средбата со Руте, Вучиќ на Инстаграм напиша дека е „уверен во уште подобра соработка меѓу Србија и НАТО во иднина“.

 

 

Поврзани содржини