СЕРИЈА ЗЕМЈОТРЕСИ ЈА СТРЕСЕ ХРВАТСКА Најсилниот беше со јачина од 3,8 „Рихтери“
Во 07:03 часот е регистриран нов земјотрес со епицентар во морето кај Пељешац, југоисточно од Жуљан, со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала, соопшти Сеизмолошката служба на Хрватска.
Од вчеравечер до утринава во Хрватска се регистрирани неколку земјотреси од кои најсилниот беше со јачина од 3,8 степени по Рихтеровата скала, соопшти Сеизмолошката служба на Хрватска.
Интензитетот во епицентарот е проценет на 5 степени според Европската макросеизмолошка скала.
Епицентарот на земјотресот со јачина од 3,4 степени, кој е регистриран во 5:07 часот, бил во областа Метковиќ, на 5 километри југозападно од Неум, на длабочина од 6 километри, соопшти ЕМСЦ.
Во 07:03 часот е регистриран нов земјотрес со епицентар во морето кај Пељешац, југоисточно од Жуљан, со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала, соопшти Сеизмолошката служба на Хрватска.
Според податоците на Сеизмолошкиот завод на Србија, земјотрес во текот на претпладнето е регистриран и во Црна Гора. Тој земјотрес бил со јачина од 2,2 степени.
#Earthquake (#potres, #zemljotres) confirmed by seismic data.⚠Preliminary info: M3.7 || 24 km SW of #Metković (#Croatia) || 3 min ago (local time 05:07:18). Follow the thread for the updates👇 pic.twitter.com/b3a91UpnuE
— EMSC (@LastQuake) February 22, 2024