ХРВАТИТЕ СЕ ХИТ ВО КАТАР Се облекоа како шеици, ама со шаховски дезен (ФОТО)
Членовите на групата „Ми Хрвати“ се облекоа во белата традиционална облека на шеиците со мала измена, на нив ги имаат и црвената шаховница, за да бидат препознатливи дека се навивачи на „коцкестите“.
Навивачите на светскиот вицепрвак Хрватска победија уште на стартот на Светското првенство, откако се појавија во Катар облечени како – шеици.
Членовите на групата „Ми Хрвати“ се облекоа во белата традиционална облека на шеиците со мала измена, на нив ги имаат и црвената шаховница, за да бидат препознатливи дека се навивачи на „коцкестите“.
Брзо ги собраа симпатиите на домаќините, ама станаа хит од прв ден на доаѓање на фудбалскиот фестивал. Околу 3.000 навивачи од Хрватска се очекува да бидат присутни во Катар.
Својот прв натпревар на Светското првенство Хрватска го игра утре од 11 часот против селеквијата на Мароко.