Хрватите преплашени: Масовно одбиваат имунизација со вакцината на АстраЗенека

1,735

Откако се појавија информации за смртни случаи по примањето на вакцината против коронавирус на „АстраЗенека“, а многу земји привремено ја прекинаа употребата на оваа вакцина, Хрватите почнаа масовно да се откажуваат од вакцинацијата со оваа вакцина, јавува хрватски Индекс.

– Околу 30 отсто луѓе во цела Хрватска, откако се слушнав со колегите од целата земја, денеска одбиле да дојдат на закажаниот термин за вакцинирање со АстраЗенека. Тоа што го слушнав од колегите и тоа што го видов во ординацијата, луѓето се престрашени. Дел пациенти кои беа закажани за денеска, ја откажаа вакцинацијата – изјави д-р Наташа Бан Тоскиќ, претседателка на координацијата на хрватската семејна медицина.






 

 

Поврзани содржини