ХРВАТИТЕ ЈА ПРАШУВААТ ПРИЈОВИЌ ДАЛИ „СПИЕ МИРНО“ ПОРАДИ БЕЈБИ ЛАЗАЊА Еве што се случи во Хрватска
Билетите за концертот на Бејби Лазања се распродадоа за четири минути.
Хрватскиот претставник на Евровизија, Бејби Лазања, го живее својот сон. Откако го освои второто место на Евровизија, во Хрватска го пречекаа како херој.
Бејби Лазања од тој момент не застанува ниту за миг. Сега го најави првиот голем солистички концерт во Шалата во Загреб на 12 септември 2024 година.
Билетите беа пуштени во продажба вчера, 15 мај напладне и беа поделени во две категории – ВИП и редовни.
Билетите се распродадоа по четири минути, што прилично го шокираше Марко Пуришиќ, односно Бејби Лазања.
„Добро, што…? Првиот концерт се распродаде за четири минути! Додаден е и вториот, картите се во продажба од денеска во 16 часот“, напиша Лазања на Инстаграм.
Вториот концерт ќе се одржи ден по првиот, на 13 септември.
„Шалата ќе биде премала. Веднаш на хиподром“, „Вистинскиот победник на Евровизија“, „Ќе има ли доволно Шалата?“, „Спиеш ли мирно Александра Пријовиќ. Одиме, шест концерти“, „Заслужено “, „Европска турнеја?“, пишуваат Хрватите во коментарите под објавата, а наведеното прашање за српската пејачка Александра Пријовиќ, која распродаде пет загрепски Арени, е и во насловот на влијателните хрватски медиуми.