Христо Ивановски е нов главен уредник на „Скопско ехо“, Антонио Спасев ќе работи на нови медиумски проекти
Ивановски најавува дека ќе го продолжи уредувачкиот тренд и стандардите на весникот, а како што и самиот вели: „Ехото на граѓанинот е посилно од гласот на политичарите“.
Новинарот Христо Ивановски е новиот главен и одговорен уредник на весникот и на порталот „Скопско ехо“, соопшти медиумот.
Тој е новинар со тридецениско искуство, работел во весниците „Нова Македонија“ и „Дневник“, каде што имал уредничка позиција, како и во неколку портали, а беше и политички аналитичар во ТВ Алфа.
Ивановски најавува дека ќе го продолжи уредувачкиот тренд и стандардите на весникот, а како што и самиот вели: „Ехото на граѓанинот е посилно од гласот на политичарите“.
Досегашниот главен уредник на „Скопско ехо“, Антонио Спасев, соопшти медиумот, останува во компанијата и ќе работи на развој на нови медиумски проекти кои ќе го надополнат весникот кој досега подели над 4,7 милиони примероци.