Христијан Мицкоски е позитивен на ковид-19
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека имал полесни симптоми, и дека иако ги почитувал препораките на здравствените лица, сепак се покажало дека не секогаш тоа е доволно.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски е позитивен на вирусот ковид-19.
„По забележаните првични полесни симптоми, ги добив резултатите од тестирањето кои покажуваат дека сум позитивен на вирусот ковид-19. Иако ги почитував препораките на здравствените лица, сепак се покажа дека не секогаш тоа е доволно. Чувајте го вашето здравје. Ќе го поминам и ова и на крај ќе победиме за нашата иднина!“, напиша Мицкоски на својот профил на Фејсбук.