ХРАНЕТЕ СЕ ЗДРАВО Во овој вид зеленчук се кријат добрата циркулација и здравјето на срцето

Според истражувањата, оние кои вклучуваат поголеми количини од овој зеленчук во својата исхрана имаат значително помали шанси да ги развијат опасните последици од акумулацијата на калциум во крвните садови – водечка причина за срцев и мозочен удар.

357

Иако постојат многу различни начини за одржување на здраво срце, еден од најважните е да ја наполните чинијата со квалитетна храна. Нова студија презентира неколку видови на зеленчук кои се особено важни за здравјето на срцето и добрата циркулација.

Во една студија објавена во британското списание Nutrition, истражувачите откриле дека јадењето повеќе зеленчук од типот на брокула, прокељ, карфиол и зелка – може да помогне да се спречи напредната васкуларна болест кај постарите жени. Тие го прават тоа така што спречуваат акумулација на калциум во крвните садови, што и овозможува на крвта слободно да циркулира низ телото.






Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.

Поврзани содржини