ХРАНЕЊЕТО СВИЊА СЕ ПРЕТВОРИЛО ВО КРВАВ НАПАД Старица од Прокупље заврши на пластична хирургија

Пациентката има посложени повреди има на горните екстремитети. Според пластичниот хирург, таа моментално е стабилна, изјавиле за „Блиц“ од Универзитетскиот клинички центар Ниш.

556

Жена на 75 години од село близу Прокупље во Србија завршила со тешки повреди на рацете и нозете откако била нападната од свиња која сама ја чувала, јави „Блиц“.

Инцидентот се случил кога старицата влегла во свињарникот за да го нахрани животното, но наместо вообичаена рутина, се соочила со брутален напад. Прво била лекувана во локалната болница во Прокупље, но поради сериозноста на повредите била итно пренесена на Универзитетскиот клинички центар во Ниш, на одделот за пластична хирургија.






–  Пациентката има посложени повреди има на горните екстремитети. Според пластичниот хирург, таа моментално е стабилна – изјавиле за „Блиц“ од Универзитетскиот клинички центар Ниш.

Од Полициската управа во Прокупље потврдија дека „случајот не е пријавен во полиција“.

Поврзани содржини