ХРАНАТА ПРЕСКАПА, ЛЕЖАЛКИТЕ ИЗГОР! Српски туристи бесни поради цените во Грција
На некои плажи во Грција, комплет лежалки чини од 10 до 40 евра.
Tуристи од Србија кои веќе заминале на одмор во Грција непријатно се изненадиле од цените на храната и на лежалките на некои плажи на нивните омилени дестинации, објави српски Курир.
– Кај нас гирото лани беше 3 евра, сега е од 7 до 9 евра! Кафето на плажа е 7 евра. Но, не е порција гиро, порцијата е уште поскапа, обичното гиро чини толку! Овие цени воопшто не ги очекувавме. Секоја година семејно одиме во Грција и сега бевме непријатно изненадени од цените. Изнајмувањето лежалки е од 7 до 10 евра, што не е толку колку на други места, но храната е прескапа. Па, за четири гира треба да платиме и до 36 евра. Во Србија за тие пари можеме да јадеме двапати – вели незадоволна туристка.
На некои плажи комплет лежалки чини од 10 до 40 евра.
На страната на Инстаграм nikana.gr се појави фотографија од плажа на Тасос, каде изнајмувањето чини и до 40 евра.
– На плажата има неколку локали во кои може да се користат и лежалки заедно со пијалоци, а цените се движат од 10 до 40 евра од комплет – се наведува во соопштението.