ХРАНАТА ПОСКАПУВА ОД УТРЕ Над 1.000 артикли ќе имаат нови цени
Со повисока стапка од 10 отсто ќе се даночат сите видови замрзната риба, освен осличот, пастрмката и пангата, замрзнатите теста, млечните и сирни намази, сирењето и урдата, зденката, пармезанот, ајдемер и гауда кашкавалот, павлаката за готвење, растителните сирења и намази, објави телевизија Сител.
Граѓаните утре повторно ќе се соочат со нов ценовен шок. Владата по итна постапка го донесе Законот за повисоко ДДВ, но листата на производи ја криеше, споменувани беа само перките од ајкула, чија семето, тартуфите, сирењето со мувла. Сепак од утре поскапува речиси се’.
Телевизија Сител ја објави листата на производи за кои од владата уверуваа дека ќе бидат само луксузни.