ХРАНАТА НА СПЛИТСКИОТ ГАСТРОАДВЕНТ, ДЕЛО НА ДЕЈАН КАРАПЕЕВ Македонскиот шеф ги спои далматинскиот рогач и ајварот, нивните фритули и нашето гравче

Сплитскиот гастроадвент, кој 14-та година по ред го организира познатата сплитска нутриционистка и диететичарка Оља Мартиниќ, а годинава бил посветен на рогачот, автохтона медитеранска намирница, e особено интересен за нас. Зошто? Затоа што домаќин на истиот бил сплитскиот ресторан Лаф, чиј косопственик е македонскиот шеф со сплитска адреса, Дејан Карапеев, кој освен специјалитети со рогач, направил и гравче-тавче.

424

Годинава, свеченоста по повод првата адвентска недела, Гастроадвентот во Сплит, освен што го слави големото враќање на рогачот на празничната трпеза, интересно за нас е тоа што домаќин на истата бил сплитскиот ресторан Лаф, чиј косопственик е македонскиот шеф со сплитска адреса, Дејан Карапеев.

Имено, Дејан, во Диоклецијановата палата во Сплит е веќе ко-сопственик на Коноба Корта која работи од месец март до ноември, а во март годинава, заедно со Корчуланката Јозица Ботица, отворил уште еден ресторан кој ќе работи преку целата година. Да, станува збор токму за ресторанот Лаф.






Повеќе за ова, како и видео од настанот можете да најдете на „Арт кујна“.

Поврзани содржини