ХРАНА ЗА ГАЗА, НО НЕ И ЗА ХАМАС Израел објави колку камиони влегле оваа недела

Израел достави речиси 1.900 камиони хуманитарна помош до Газа во изминатата недела, со јасна порака дека поддршката е исклучиво за цивилното население, а не за Хамас.

306

Израелската воена агенција задолжена за координација на хуманитарната помош соопшти дека во текот на изминатата недела, преку премините Керем Шалом и Зиким, од палестинската страна биле примени и дистрибуирани речиси 1.900 камиони со помош.

Според официјалните податоци, повеќе од 1.310 од овие камиони превезувале претежно прехранбени производи за населението во Газа, јавува „Тајмс оф Израел“.






Агенцијата, која функционира во рамките на израелското Министерство за одбрана, нагласи дека ќе продолжи да обезбедува непречен проток на хуманитарна помош до цивилите во Газа, но притоа подвлече дека оваа поддршка нема да стигне до Хамас.

Поврзани содржини