ХРАНА ЗА ДОБИТОК ИЗГОРЕ ВО ПОЖАР ВО СТАРО НАГОРИЧАНЕ Пожарникарите спречија да се зафати и шталата

Пожарот бил изгаснат во 4.30 часот, а пожарникарите интервенирале со едно противпожарно возило. 

52

Храна за добиток изгорела во пожар во село Војник, општина Старо Нагоричане, информираа денеска од Регионалниот центар за управување со кризи Куманово и потврдија од противпожарната единица од Старо Нагоричане.

Пожарот избувнал ноќва во 2.15 часот.






-Брзо интервениравме и се спречи проширување на пожарот на блиските тополи и кај добитокот – изјави Иван Трајановиќ, пожарникар од Старо Нагоричане.

Пожарот бил изгаснат во 4.30 часот, а пожарникарите интервенирале со едно противпожарно возило.

Поврзани содржини