„Храна во кадар“ – прв „Трпеза филм фестивал‘’ во Скопје
Традицијата на буковската пипер доловена преку „На трпеза кај…Македонија“ од Mирјана Момировиќ,„Езеро од јаболка“ на Тамара Котевска и Љубомир Стефанов, „Приказната за Слоу Фуд“ на Стефано Сардо и „Момчињата од Бароло“ на Паоло Казалис и Тициано Гаја, се четирите долгометражни документарни филмови што ќе бидат прикажани на ТФФ, на 16.октомври, во Кинотека на Македонија.
Храната е култура и идентитет. Производството и подготовката, но пред сé уживањето во неа, има посебна општествена и социјална вредност. Собирањето, пак, околу трпезата уште од дамнина претставува врвен семеен „настан“, прилика за разговор, за споделување убави и неубави случки, за зближување.
Вака МИА го почнува разговорот со Марјан Костадиновски, еден од организаторите и координатор на првиот Филмски фестивал за храна „Трпеза филм фестивал“ (ТФФ), што ќе се одржи во Скопје на 16 октомври во Кинотеката на Македонија.
Целиот текст побарајте го на порталот „Арт кујна“.