Хотелите „Славија“ и „Попова Шапка“ со попусти за сопствениците на ваучери за туризам

Од „Елемтурс“ кој стопанисува со хотелите  информираат дека двата хотела  работат според сите протоколи донесени од надлежните државни органи, кои обезбедуваат сигурност за гостите и персоналот.

931

Хотелите „Славија“ и „Попова Шапка“ ги прилагодија цените и аранжманите согласно барањата на граѓаните за користење на ваучерите за летување доделени од државата со проектот „Дома си е дома”, информира „Елемтурс“.

За посетителите кои ќе користат ваучер за туризам хотелите обезбедија попусти за летниот период и нудат аранжмани од 4 и 5 полни пансиони за летување на планина.






Од „Елемтурс“ кој стопанисува со хотелите  информираат дека двата хотела  работат според сите протоколи донесени од надлежните државни органи, кои обезбедуваат сигурност за гостите и персоналот.

Оттаму соопштија и дека се вршат подготовки и за следната зимска сезона во ски-центарот, каде од почетокот на оваа година во функција е и новата шестоседа жичара, со која стопанисува „Елемтурс“.

Поврзани содржини