ХОТЕЛИТЕ ЈА ЧЕКААТ НОВА ГОДИНА ЗА ДА НЕ ЗАТВОРАТ Се бараат и субвенции за да не се отпуштаат работници
Претседателот на Асоцијацијата на хотелиери – ХОТАМ Крсте Блажески вели дека работат со загуби и оти дел од хотелите затвориле, но и тие што работат со минимален капацитет едвај се снаоѓаат како да ги покријат месечните трошоци.
Хотелските капацитети на охридско-струшката ривиера се со минимална исполнетост. Хотелиерите чекаат одговори од релевантните институции околу правилата за дочек на Нова година за да знаат што да понудат, но и дали ќе добијат субвенции од државата, за плати на вработените.
Претседателот на Асоцијацијата на хотелиери – ХОТАМ Крсте Блажески вели дека работат со загуби и оти дел од хотелите затвориле, но и тие што работат со минимален капацитет едвај се снаоѓаат како да ги покријат месечните трошоци.
– Исполнетоста на хотелите е минимална, помалку и од пет отсто во просек. Тоа, добро знаеме се должи на пандемијата со ковид – 19 и зголемениот број позитивни случаи низ цела Европа. По дво месечната туристичка сезона сега имаме по некое семинарче, но не на ниво како порано – вели Блажески.
Дел од хотелиерите, додаде, ги отпуштиле вработените на 70 отсто, но и тие 70 проценти неможат уште долго да ги исплаќаат без приходи.
– Состојбата е прилично лоша. Не можеме да се пофалиме во никој поглед. Не знаеме уште какви ќе бидат правилата за Нова година, што да нудиме и што да очекуваме. Многу отворени прашања, кои може не се приоритет за Владата, но без нив неможеме да функционираме. Потребни се заклучоци – нагласи Блажески.
Тој додаде дека и 70 осто плата ако немаш приходи се многу.
Секторот, посочува, е во криза и потребно е повторување на мерките за помош од минатата година.
– Штом нема исполнетост од 30 отсто од капацитетот, тогаш објектот трпи загуби. Бараме повторување на минатогодишните мерки и помош барем во плати, бидејќи без таа помош ќе мораме да ги отпуштиме вработените. И сега има мали отпуштања. Тешко е да се дојде до вработен за секторот, па се чуваат да се задржат за идната сезона – истакна Блажески.