Хотелиерите не отпуштаат работници, чекаат нови поконкретни мерки од владата
Но, ако потрање кризата повеќе месеци ќе бидеме принудени да им исплаќаме пониска плата. Законот дозволува да исплаќаме 70 отсто плата, за да можат и тие и ние да преживееме, велат од ХОТАМ.
Хотелиерите засега не најавуваат отпуштање на работниците иако се затворени, но велат дека ако кризата потрае ќе моа да ги намалат платите на законските 70 отсто. За овој сектор оваа и наредната година, велат ќе биде борба за преживување, бидејќи не очекуваат посетеноста да се врати на норамала бидејќи и туризмот е најпогоден од состојбата.
– Нашите приходи во периодот од воведувањето на мерката за затворање се сведени на нула, па и загубите ќе бидат милионски.Моментално не можеме да кажеме бројки. Само за исплата на плати на околу 6.000 вработени во хотелиерството се потребни 15 милиони евра. Ако потрае кризата тоа ќе биде само трупање загуби за хотелите бидејќи тешко ќе се справиме со проблемот, ако нема подиректни мерки од владата – вели Крсто Блажески, претседателт на Асоцијацијата на хотелиери (ХОТАМ).
Моментално, вели тој, хотлеиерите се насочени кон задржување на кадарот кој и во нормални услови го немаат и тешко ќе можат да го најдат по завршување на кризата.
– Но, ако потрање кризата повеќе месеци ќе бидеме принудени да им исплаќаме пониска плата. Законот дозволува да исплаќаме 70 отсто плата, за да можат и тие и ние да преживееме. Секако за хотелиерите и тоа ќе биде тешко бидејќи имаат режиски трошоци, а немаат приходи во овој период – вели Блажески.
Хотелиерите, додава тој, очекуваат нови мерки од владата бидејќи нивни претставници заедно со владата работат на подиректни мерки кои би им помогнале на хотелите да го преживеат овој период.
– По кризата ќе ни треба многу подолг период на опоравување бидејќи граѓаните нема веднаш да патуваат и да престојуваат во јхотели. Сметам дека оваа и следната година ќе бидат борба за преживување на хотелите , а не нормално работење и остварување профит- додава Блажески.