📷 ХОТЕЛ СО 5 ЅВЕЗДИ АМА ЗА КОКОШКИ, ИМА И КРИСТАЛЕН ЛУСТЕР Еве како изгледа луксузниот кокошарник на Новак и Јелена Ѓоковиќ
Оваа семејна куќа на Ѓоковиќ има повеќе од 400 квадратни метри и е изградена со материјали во кои доминирале каменот и дрвото. Поранешниот сопственик еднаш сподели неколку фотографии кои откриваат како изгледа овој објект одвнатре.
Јелена и Новак Ѓоковиќ можат да се пофалат дека поседуваат голем број имоти. Меѓутоа, еден од нив привлече посебно внимание на јавноста токму поради тоа што претходно беше во сопственост на една од најбогатите и најмоќните Србинки – Елена Караман Кариќ.
Станува збор за прекрасната вила на Космај која Елена Караман ја „изградила“ додека била во брак со Југослав Кариќ.
Токму тука живеела со нивниот син Симон, како и со наследниците кои ги добила од првиот брак – Матија и Лука. Овој имот, освен убавината што го одзема здивот, на многумина им беше особено интересен и поради луксузниот кокошарник што Елена го изгради таму, а кој имаше дури и кристален лустер.
Се подразбира дека луѓето се шокирале кога виделе како изгледа сето тоа, а судејќи според реакциите, на многумина им се допаднало што кокошките имале посебен третман.
View this post on Instagram
Сега луксузниот кокошарник е во сопственост на Јелена и Новак, а иако не се знае дали се останало како што некогаш го „наместила“ Елена, познато е дека имотот го реновирале речиси една година, се за сѐ да му се допадне на Ѓоковиќ.
Оваа семејна куќа на Ѓоковиќ има повеќе од 400 квадратни метри и е изградена со материјали во кои доминирале каменот и дрвото. Поранешниот сопственик еднаш сподели неколку фотографии кои откриваат како изгледа овој објект одвнатре.
View this post on Instagram
Инаку, тамошните медиуми пишуваат дека кога Југослав дознал дека Елена наводно со месеци не плаќала струја, и дека живее во темница, решил да ги плати сметките и да ја продаде вилата во близина на Белград, која потоа завршила во семејството Ѓоковиќ.
View this post on Instagram