ХОРОСКОПОТ БИЛ ЗГРЕШЕН ЗА МЕСЕЦ ДЕНА ПОНАПРЕД? Науката открива кој е вашиот вистински знак (ВИДЕО)
Родените во знакот на Овен според науката се родени во знакот на Риби, бидејќи во нивниот месец реално на небото го гледаме соѕвездието на Риби, а не на Овен. Ова е така уште од 100 година пред нашата ера, кога оската на Земјата се подместила така да сите знаци се поместиле за еден поназад. Затоа се вели дека сега сме во ерата на Рибата, а ни следува ерата на Водолијата.
Вашиот и сечиј друг хороскопски знак е згрешен за месец дена понапред од она што треба да биде, а тоа е поради нишањето на Земјината оска поради што различно соѕвездие од она што е предвидено е видливо на небото. Со други зборови, негде во 100-тата година пред Христа оската на Земјата се поместила така што кога е пролетната рамноденица наместо соѕвездието Овен на небото се гледа соѕвездието на Риби, а следното вакво поместување ќе биде во 2700 година кога на небото ќе се гледа Водолијата, пишува ИФЛ Наука.
Ова го тврдат астрономите, научниците кои со телескоп го гледаат небото и се караат со своите колеги астролози, кои го пишуваат хороскопот и гатаат со Тарот карти. Но, изгледа дека првите се во право. Феноменот на ова нишање, наречен Прецесија на рамнодениците е научно потврден. Тој трае цели 25.800 години, кога повторно на небото ќе го видиме Овенот откако се свртеле 12-те знаци.
Сепак, оваа појава ја признаваат и некои од астролозите, па затоа, на пример, некои велат дека моментално сме во ерата на Рибата, а дека следува познатата ера на Водолијата, време кога човештвото технолошки ќе напредне во знакот на пријателството и на прогресот.
Како се пресметува знакот?
Бројот на соѕвездија во западниот зодијак доаѓа од циклусите на Месечината, која орбитира околу Земјата 12,4 пати годишно. Грубо кажано, Сонцето се јавува на небото точно спроти некое соѕвездие на секоја нова полна Месечина. Но, и позади самото Сонце се крие соѕвездие кое денски не можеме да го видиме. Тоа е вистинскиот знак во кој се наоѓа Сонцето, а ако не можеме да го видиме тогаш можеме да си помогнеме со спротивното соѕвездие. Лавот е спротивен на Водолијата, Бикот на Скорпијата, Ракот на Јарецот …
Според астрологијата секој знак од зодијакот уредно се вклопува во парче небо од 30 степени – кое помножено со 12 прави 360 степени. Но, тоа реално не е така, бидејќи соѕвездијата се разликуваат многу по формата и големина. На пример, Сонцето минува низ соѕвездието Скорпија за само пет дена, но потребни се 38 дена тоа да помине низ спротивниот Бик. Ова е една од причините зошто астролошките знаци не секогаш се усогласуваат со соѕвездијата на зодијакот.
Различните народи имаат различни знаци
Во текот на една година, се чини дека Сонцето минува низ небесниот појас кој содржи 12 древни соѕвездија или групи на ѕвезди. Тие заедно се нарекуваат Зодијак и се состојат речиси целосно од животински фигури, како овен, рак и лав. За многумина е разочарување што соѕвездијата ретко личат на она што го претставуваат. Како би можеле, бидејќи тие се навистина случајни расејувања на ѕвезди?
Иако соѕвездијата на зодијакот, кои датираат од Месопотамија или порано, може да изгледаат дека отсегакогаш биле тие, факт е дека различните култури низ светот си правеле свои често многу различни, поими за тоа како небото е изградено. Инките, на пример, направиле соѕвездија не од ѕвезди, туку од темните дамки на Млечниот Пат.