📽 ХОРОР ВО ВОЗДУХ НА ЛЕТ ОД ЊУ ДЕЛХИ Некои крикаа, други се молеа, пилотот остана присебен!

На снимката можат да се види дека некои од патниците на летот 6Е2142 се молат, додека другите плачат. Инцидентот се случил на половина час пред слетување во Сринагар. Турбуленциите биле толку јаки што испопаѓал багаж од кабините над седиштата.

805

Снимка со паника во авион кој полетал од Њу Делхи го преплави интернетот. На снимката можат да се чујат крици, да се види тресење и мрак. Авионот ИндиГо“ кој мирно полетал од главниот град на Индија со 227 патници подоцна се затресол толку многу од турбуленциите што рпреградите за багаж се отворија и паднаа врз патници.

– Никогаш не сум доживеал нешто вакво – рече еден од патниците откако силна бура го потресе авионот од Делхи до Сринагар.






Некои од патниците на летот 6Е2142 крикаат на снимката. Инцидентот се случил на половина час пред слетување во Сринагар.

– Беше толку трауматично искуство. Мислев дека е мојот последен лет – изјави патник за „Прес Траст оф Индија“.

Пилотот прогласил вонредна состојба и повикал патниците да се врзат. Со маневри што ги смириле дури и стјуардесите, успеа да слета безбедно.

Си-Ен-Ен јави дека благодарение на присебноста на пилотот, избегната е катастрофа.

На сликите објавени на социјалните мрежи по инцидентот може да се види дека има „дупка“ на носот на авионот. Патниците биле екстремно изненадени кога излегле од авионот во Сринагар.

 

Поврзани содржини