ХОРОР ВО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА Иранец и двајца Египќани силувале жена на плажата во Брајтон

394

Тројца мажи на возраст од околу 20 години се обвинети за силување на жена на познатата плажа во Брајтон, Велика Британија, соопшти полицијата во Сасекс, објави Скај Њуз.

Настанот се случил на 4 октомври околу 5 часот наутро.






Обвинетите се Карим ал-Данасурт (20) и Ибрахим Алшафе (25) од Хоршем, државјани на Египет, и Абдула Ахмади (25) од Кру, државјанин на Иран. Секој од нив се соочува со две обвиненија за силување.

Детективот Енди Харбор изјави дека „истрагата се одвивала брзо и сите тројца осомничени биле идентификувани со темелна работа на истражителите“. Тој ѝ оддаде признание на жртвата за храброста и нагласи дека ѝ е обезбедена специјализирана поддршка.

Обвинетите се во притвор.

Поврзани содржини