ХОРОР ВО ТУЛУЗ, ТРИ ТЕЛА ПРОНАЈДЕНИ ВО КУЌА, МЕЃУ НИВ И 2-ГОДИШНО ДЕТЕ Подоцна е пронајден мртов и таткото на детето

Телата на трите жртви биле откриени во текот на ноќта меѓу вторникот и средата, а околностите под кои настанал случајот сè уште треба да бидат разјаснети.

80

Француската полиција пронашла три безживотни тела во куќа во градот Тулуз. Меѓу жртвите се двегодишно дете, неговата мајка и уште една жена, за која се проценува дека имала околу 60 години.

Подоцна бил пронајден и маж за кого постојат сомневања дека си го одзел животот. Според информациите што ги објави францускиот весник „Фигаро“, станува збор за таткото на двегодишното дете.






Телата на трите жртви биле откриени во текот на ноќта меѓу вторникот и средата, а околностите под кои настанал случајот сè уште треба да бидат разјаснети.

Извор од полицијата за весникот изјавил дека полициските службеници претходно биле повикани на истата локација поради пријавен семеен конфликт. Сепак, при нивното доаѓање не успеале да стапат во контакт со лицата кои биле вклучени во конфликтот.

Истрагата треба да ги утврди сите околности поврзани со случајот и да разјасни што точно се случувало во куќата во Тулуз.

Поврзани содржини