ХОРОР ВО ФРАНЦИЈА, НАСТАВНИК СИЛУВАЛ 89 МАЛОЛЕТНИЦИ Признал и дека си ги убил мајката и тетката
Обвинетиот е приведен во 2024 година и е осомничен дека извршил силувања и агресија врз малолетни лица во периодот од 1967 до 2022 година.
Француското правосудство обелодени уште еден случај на педофилија и бара сведоци по обвинението против 79-годишен маж кој силувал повеќе од 89 малолетни лица.
Жак Левегл, беше уапсен во Франција во 2024 година за силувања и сексуални напади извршени врз 89 малолетници помеѓу 1967 и 2022 година, објави денеска обвинителот од Гренобл, Етјен Манте.
Досега се идентификувани само околу четириесет жртви, и поради оваа причина, обвинителството покрена апел до оние кои претрпеле злоставување да сведочат.
Мажот ги чувал на USB-стик записите од „сексуални средби“ со малолетници на возраст меѓу 13 и 17 години. Податоците биле откриени од внукот на напаѓачот, кој, според обвинителот, бил заинтригиран за „емоционалниот и сексуалниот живот“ на неговиот чичко.
Инцидентите наводно се случиле во неколку земји каде што осомничениот работел како наставник и едукатор: Германија, Швајцарија, Мароко, Нигер, Алжир, Филипини, Индија, Колумбија и Нова Каледонија.
Обвинетиот, исто така, признал дека ја убил својата мајка, која била смртно болна од рак, задушувајќи ја со перница во 1970-тите, како и својата 92-годишна тетка на ист начин во 1990-тите.