ХОРОР ВО БЕРЛИН Еден починат и 30 повредени откако возило влета во кафуле (ВИДЕО)
Како што известуваат локалните медиуми, инцидентот се случил околу 10.30 утринава кога маж влетал со автомобил „Рено Твинго“ во толпа гости во кафуле во централниот кварт Шарлотенбург во Берлин.
Едно лице загина, а најмалку 30 се повредени откако возило влета во толпа луѓе во близина на црква во Берлин, Германија, соопштија властите.
Како што известуваат локалните медиуми, инцидентот се случил околу 10.30 утринава кога маж влетал со автомобил „Рено Твинго“ во толпа гости во кафуле во централниот кварт Шарлотенбург во Берлин.
Според првичните информации, инцидентот не е поврзан со тероризам. Возачот очигледно имал итен здравствен проблем, објави полицијата на Твитер.
Локалните медиуми објавија дека инцидентот се случил на аголот на Ранкештрасе и Тауенциенштрасе. Локацијата е блиску до меморијалната црква Кајзер Вилхелм, една од познатите знаменитости на Берлин.