Хорор во Аризона: На урнат мост се запалил воз, густ чад на сите страни (ВИДЕО)
Како што пренесуваат американските медиуми, дел од мостот паднал, а пожарот се шири долж целата конструкција. Сведоците велат дека густиот чад може да се види со километри далеку од местото на несреќата.
Во американската држава Аризона се срушил мост, а при таа прилика се запалил воз од кој се крева густ чад.
Како што пренесуваат американските медиуми, дел од мостот паднал, а пожарот се шири долж целата конструкција. Сведоците велат дека густиот чад може да се види со километри далеку од местото на несреќата.
На лице место е пристигната полицијата, екипи на брза помош, како и пожарникари, кои се обидувааат да ја совладаат огнената стихија.
– Мојата ќерка ја слушна целата врева, се разбуди, а потоа видела како дел од композицијата на возот паѓа во езеро – вели еден од сведоците на несреќата.
– Добро е што се успав, затоа што денеска имав намера да одам до езеро. Се надевам дек луѓето кои паднале во водата се спасени и се добро – напиша една жена на Твитер која живее во близина на местото каде што се случила несреќата.