ХОРОР ВО АЛБАНСКО СЕЛО Го киднапирал и го убил детето на соседите, па го закопал во дворот
Мајката на детето била таа која го вклучила алармот откако детето не си дошло дома од училиште, а од снимките на безбедносните камери на некои објекти полицијата утврдила дека детето го возело велосипедот на соседот, по што тој го намамил во неговата куќа.
Вознемирувачка вест пристигна од соседна Албанија за грозоморен чин што се случил во селото Грецал во близина на градот Фиер.
Како што објавија албанските медиуми, 38-годишен жител на селото го киднапирал 8-годишното дете на соседите, а по неколку часа го убил и го закопал во својот двор.
„Клодиан Чаламани (38), кој по приведувањето, на распитот го признал делото, среде бел ден го киднапирал осумгодишниот син на соседите, го однел во својот дом каде што го чувал неколку часа, по што, како што убиецот изјавил, го убил удирајќи го со лопата по главата и го закопал во дворот“, пренесува „Ора њуз“.
Мајката на детето била таа која го вклучила алармот откако детето не си дошло дома од училиште, а од снимките на безбедносните камери на некои објекти полицијата утврдила дека детето го возело велосипедот на соседот, по што тој го намамил во неговата куќа.
Уште поголем проблем е тоа што ова не е прв случај во кој Чаламани грабнал дете.
„Во 2006 година тој заедно со неговиот пријател Флориан Васиу киднапирал и малтертирал малолетно девојче, исто така, од соседството. За среќа, девојчето некако успеало да им побегне“, пишуваат албанските медиуми.
„Ора њуз“ уште додава дека тој сам живеел во куќата. Татко му и брат му биле во затвор во Грција, а мајка му била во Македонија.