ХОРОР СКАНДАЛ ГО ТРЕСЕ ХАРВАРД Продавале делови од човечки тела за производство на морничави кукли и украси!?
Седрик Лоџ „украл расчленети делови од донирани трупови, вклучувајќи, на пример, глави, мозоци, кожа, коски и други човечки останки, без знаење или дозвола на Медицинскиот факултет (ХМС)“, се вели во обвинението.
Управникот на мртовечницата на Медицинскиот факултет на Харвард и уште три лица се обвинети за купување и продавање украдени делови од човечко тело. Управникот Седрик Лоџ наводно крадел „глави, мозоци, кожа и коски“ на трупови донирани на Медицинскиот факултет и ги продавал на Интернет, пишува Би-би-си.
Според обвинението, тој и неговата сопруга Дениз продавале делови од телото на клиенти во Пенсилванија и Масачусетс од 2018 до 2021 година, објавија повеќе американски и британски медиуми, повикувајќи се на покренато обвинение.
Студентите на престижниот универзитет Харвард практикуваат медицински процедури на донирани тела. После тоа, труповите често се кремираат, а посмртните останки се враќаат на нивните семејства или се погребуваат на универзитетските медицински гробишта, пишува Би-би-си.
Сепак, како што е наведено во обвинението, менаџерот Седрик Лоџ им дозволил на други луѓе од надвор да влегуваат во мртовечницата на Медицинскиот факултет на Харвард за да ги прегледаат труповите и да си „одберат“ што да купат.
Обвинети се и Катрина Меклин (44) од Салем, Масачусетс и Џошуа Тејлор (46) од Вест Лон, Пенсилванија, кои ги купувале човечките делови. Меклин, наводно, купила парчиња од човечки лица во октомври 2020 година за 600 долари, кои имала намера да ги обработи во кожни производи. Таа е сопственик на продавницата „Крипи криејшнс“, која е специјализирана за производство на кукли во готски и хорор стил.
Засега не е познато дали користела човечки остатоци при изработката на своите креации. Во обвинението се вели дека таа во својата продавница складирала и продавала делови од човечко тело.
Тејлор, наводно, извршил 39 уплати на сметката на администраторот на мртовечницата во период од четири години за да купи човечки останки, а вкупниот износ на исплатите бил повеќе од 37.000 долари. Сите тие се обвинети за заговор и меѓудржавен транспорт на украдена стока. Доколку бидат прогласени за виновни, обвинетите се соочуваат со затворска казна до 15 години.
„Понекогаш, Седрик Лоџ им дозволувала на Меклин и Тејлор да влезат во мртовечницата на Медицинскиот факултет Харвард и да ги прегледаат труповите за да изберат што да купат“, се вели во соопштението на федералните обвинители. „Во некои прилики Тејлор ги транспортирала украдените останки назад во Пенсилванија.
Седрик Лоџ „украл расчленети делови од донирани трупови, вклучувајќи, на пример, глави, мозоци, кожа, коски и други човечки останки, без знаење или дозвола на ХМС“, се вели во обвинението.
Тој и неговата сопруга наоѓале купувачи преку веб-страници и во нивните мобилни телефони се најдени информации „во врска со продажбата на украдени човечки останки“, се вели во судските документи.