ХОРОР СЦЕНА ВО СТРУМИЦА Пронајдени остатоци од човечки труп, идентитетот на лицето засега е непознат

Од СВР Струмица информираа дека вчера било пријавено дека во станот бил пронајден човечки труп. Бил извршен увид, а по наредба на јавен обвинител телото било дадено на обдукција.

5,031

Остатоци од човечки труп вчера биле пронајдени во стан на улица „Јанко Цветинов“ во Струмица, потврдуваат и од полицијата и од Основното јавно обвинителство Струмица.

Од СВР Струмица информираа дека вчера било пријавено дека во станот бил пронајден човечки труп. Бил извршен увид, а по наредба на јавен обвинител телото било дадено на обдукција.






Од Основното јавно обвинителство потврдија дека биле пронајдени остатоци од човечки труп. Оттаму повеќе информации за идентитетот на лицето и можните причини за смртта најавуваат по завршувањето на обдукцијата.

Поврзани содржини