Хорор над Денвер! Патници гледале како гори моторот на авионот, деловите паѓале врз куќи (ВИДЕО

Деловите од авионот што паднале не се мали и тој речиси ќе се урнел врз станбени објекти, јавија американски медиуми, наведувајќи дека нема повредени.

821

Делови од авион на „Јунајтед ерлајнс“ паднаа во предградие на Денвер, по што „Боинг 777-200“ мораше да биде принуден да се врати на аеродромот, бидејќи по полетувањето се запалил десниот мотор.

Деловите од авионот што паднале не се мали и тој речиси ќе се урнел врз станбени објекти, јавија американски медиуми, наведувајќи дека нема повредени.






Американската воздушна федерација објави дека вчерашниот лет на релација Денвер-Хонолулу морал брзо да биде запрен поради инцидентот.

 

Во авионот имало 231 лице и 10 членови на екипаж, а сите патници биле пренесени на друг лет за Хаваи.

 

Локалната полиција објави фотографии на Твитер од делови што паднале покрај куќа, 40 километри северно од центарот на Денвер.

Поврзани содржини