ХОРОР НА ЖЕЛЕЗНИЧКА ВО БРИСЕЛ Извикал „Алаху Акбар“ и со месарски нож избодел 17 годишно момче (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

Недолго по инцидентот, напаѓачот (18) бил уапсен и приведен, а обвинителите изјавиле дека нападот се случил како последица на претходен конфликт меѓу двајца млади момчиња.

6,393

Белгиските власти уапсија маж кој пред неколку дена нападна млад човек со месарски нож на железничката станица Брисел-Југ.

Против него е покренато обвинение за однапред испланиран напад, пишува „Брисел тајмс“.






Имено, во вторникот наутро, очигледно полуден маж ненадејно со нож нападнал 17-годишно момче и во таа прилика извикал „Алаху акбар“. Тој го пресекол тинејџерот и го избодел неколку пати, а тоа го покажува и видеото кое се појави на социјалните мрежи.

Тинејџерот се здобил со повреди, но тие не се опасни по живот.

Недолго по инцидентот, напаѓачот (18) бил уапсен и приведен, а обвинителите изјавиле дека нападот се случил како последица на претходен конфликт меѓу двајца млади момчиња.

 

Поврзани содржини