ХОРОР НА ПАРКИНГ ВО СОПИШТЕ Ја удирал со боксови и со нога во лице, па ја силувал

Скопјанец обвинет дека претепал и силувал жена во автомобил, му се заканува сериозна казна. Обвинителството од судот бара продолжување на притворот.

2,800

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против 37-годишен жител на главниот град за тешко кривично дело – полов напад и силување, за што му се заканува сериозна казна затвор.

Според истрагата, нападот се случил вечерта на 21 февруари годинава, на паркинг во населеното место Сопиште, каде што осомничениот со употреба на сила и спротивно на јасно изразената волја на жената, ја принудил на полов однос.






Како што се наведува во обвинителниот акт, мажот најпрво почнал да ја допира без нејзина согласност, а кога таа се спротивставила, станал насилен. Ја удирал со тупаници, боксови, па дури и со нога во лицето, предизвикувајќи и сериозни телесни повреди – подливи, нагмечувања, како и скршеница на носните коски.

И покрај тоа што жртвата му кажала дека не сака да има ништо со него и се обидувала да се одбрани, осомничениот продолжил со нападот, ја соблекол и ја присилил на полов однос во возилото.

Јавниот обвинител, заедно со обвинението, до Кривичниот суд достави и предлог за продолжување на веќе определената мерка притвор, сметајќи дека постои ризик обвинетиот да избега или да влијае врз сведоци и жртвата.

Поврзани содржини