📽️ ХОРОР НА „ЕНФИЛД“, ФУДБАЛЕР ВРЕСКАШЕ ОД БОЛКА Ланг се здоби со страшна повреда, веднаш пренесен во болница

Тешка повреда го одбележа дуелот меѓу Ливерпул и Галатасарај, откако Ноа Ланг беше итно изнесен од теренот.

235

Натпреварот меѓу Ливерпул и Галатасарај во осминафиналето од Лига на шампиони беше засенет од шокантна повреда која се случи во второто полувреме.

Во 76. минута, фудбалерот Ноа Ланг доживеа тешка повреда откако во дуел за топката изгуби рамнотежа и силно удри во рекламните табли покрај теренот на „Енфилд“. По контактот со играчот на Ливерпул, Куртис Џонс, Ланг падна покрај гол-линијата, при што се обиде да се задржи за оградата, но веднаш потоа се струполи на тревата.






Сцените беа вознемирувачки. Напаѓачот на Галатасарај врескаше од болка, а телевизиските снимки покажаа и крв на неговата рака. Медицинскиот тим веднаш реагираше, по што беше јасно дека повредата е сериозна.

 

Ланг не можеше да го продолжи натпреварот и беше изнесен на носилки, додека му беше даден и кислород. На негово место во игра влезе Мауро Икарди.

Според првичните информации, станува збор за тешка повреда на прстот. Дел од медиумите јавуваат за длабока посекотина, додека други одат чекор подалеку и споменуваат можност за делумна ампутација.

Фудбалерот ќе биде подложен на итна операција, а повеќе детали за неговата состојба се очекуваат во текот на денот.

 

Поврзани содржини